ПАПАТА ФРАЊО ВЕЌЕ НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ, ОБЈАВИ ВАТИКАН

    ПАПАТА ФРАЊО ВЕЌЕ НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ, ОБЈАВИ ВАТИКАНЖена се моли за папата пред римската болница „Џемели“ (Фото: АП)

    Папата Фрањо веќе не е во животна опасност и добро реагира на лекувањето во болница, објави Ватикан. Тој беше примен во римската болница „Џемели“ пред повеќе од три недели поради сериозна респираторна инфекција, за потоа да развие двојна пневмонија.

    Ватикан кажа дека лекарите на папата одлучиле да ја укинат претходната „чувана“ прогноза, што значи дека тој веќе не е во непосредна опасност.

    „Подобрувањата забележани во изминатите денови дополнително се консолидираа, што е потврдено и со тестовите на крвта и со клиничките проценки, како и со добриот одговор на третманите со лекови“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата ќе продолжи со лекувањето во болница и во следните денови.

    Засега не е познато кога папата би можел да биде пуштен од болница. Неговата состојба беше опишана како стабилна и подобрена минатата недела, откако имал две акутни респираторни кризи.

    Папата имаше неколку здравствени кризи во изминатите години и е особено подложен на инфекции на белите дробови откако како мал му бил отстратен дел од едно белодробно крило.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира