„ПАРАМАУНТ“ ГО ПРЕЗЕДЕ „ВОРНЕР БРОС“ ВО ЗДЕЛКА ОД 110 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

    „ПАРАМАУНТ“ ГО ПРЕЗЕДЕ „ВОРНЕР БРОС“ ВО ЗДЕЛКА ОД 110 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ„Парамаунт“ ќе стекне сопственост врз култни франшизи како „Хари Потер“, „Игра на тронови“ и „Господарот на прстените“ (Фото: Гети)

    „Парамаунт Скајденс“ официјално го презеде „Ворнер Брос Дискавери“ во спојување вредно 110 милијарди долари, што треба да ги преобликува Холивуд и медиумскиот пејзаж. Преземањето се случи по неколку месеци правни спорови, критики и стравувања дека намалувањата и консолидацијата би можеле да им наштетат на конкуренцијата и потрошувачите.

    Ова ќе спои мноштво субјекти, вклучувајќи ги „Ејч-Би-О“, „Си-Би-Ес“, „Никелодеон“, „Шоутајм“, „Комеди сентрал“ и „Ди-Си студиос“, а „Парамаунт“ ќе стекне сопственост врз култни франшизи како „Хари Потер“, „Игра на тронови“ и „Господарот на прстените“.

    Новоформираниот гигант ќе биде ребрендиран во „Скајденс корпорејшн“, компанија првично основана од Дејвид Елисон, пред тој да ги преземе и „Парамаунт“ и „Ворнер брос“.

    Елисон изјави дека склучувањето на договорот претставува историски момент за филмската индустрија.

    „Нетфликс“ првично имаше договор за купување дел од „Ворнер брос“, но „Парамаунт“ иницираше жестоко наддавање, што доведе до тоа стриминг гигантот да се повлече. Адвокати од десетина американски сојузни држави потоа поднесоа тужби со цел да го блокираат договорот, тврдејќи дека тој ќе ја задуши конкуренцијата, ќе ги зголеми цените за потрошувачите и ќе предизвика значителна штета на киносалите, дистрибутерите на кабелска телевизија и на публиката низ целата земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира