Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус ќе излезе од затвор во Јужна Африка речиси 11 години откако ја уби својата девојка Рева Стенкамп. Тој ја застрелал Стенкамп повеќепати низ вратата од бањата на денот на вљубените во 2013 и подоцна тврдеше дека мислел дека е провалник.
Сега 37-годишниот Писториус беше осуден на 13 години затвор во 2016. Одборот за условна слобода објави дека тој ќе биде пуштен од затвор на 5 јануари 2024.
Мајката на Стенкамп не се противеше на ослободувањето, но кажа дека Писториус би можел да биде потенцијално опасен по други жени, сметајќи дека тој во затворот не ги решил своите проблеми со гневот. Сопругот на Џун Стенкамп почина во почетокот на оваа година.
Трчајќи со помош на протези од јаглеродни влакна, Писториус го освои првото параолимписко злато во 2004 во Атина, но вистински се прослави во Пекинг четири години подоцна, каде што славеше во три дисциплини. Во Лондон во 2012 освои уште четири медали, од кои две злата. Од национален херој тој се претвори во осуден убиец. Првично доби пет години затвор во 2014, што беше зголемено на шест, а потоа на 13 во 2016.