Единицата за сајберкриминал на париското обвинителство упадна во француските канцеларии на Икс на Илон Маск поради сомнеж во кривични дела, вклучувајќи незаконско извлекување податоци и соучество во поседување детска порнографија. Обвинителството соопшти дека Маск и поранешната извршна шефица на Икс, Линда Јакарино, се повикани на сослушување во април.
Икс досега не се огласил со коментар, но претходно ја опиша француската истрага како напад врз слободата на говорот.
Истрагата беше отворена во јануари 2025, кога француските обвинители почнаа да истражуваат содржина препорачана од алгоритмот на Икс и биде проширена во јули на контроверзниот четбот со вештачка интелигенција на Маск, Грок. Во тоа време, Икс рече дека акцијата е „политички мотивирана“ и ги негираше обвинувањата дека го манипулирал својот алгоритам.
По денешната рација, француските обвинители кажаа дека сега истражуваат дали Икс го прекршил законот во повеќе области. Меѓу потенцијалните кривични дела се соучество во поседување или во организирана дистрибуција на слики од деца со порнографски карактер, кршење на правата на луѓето со „дипфејк“ фотографии и измамничко извлекување податоци од страна на организирана група.



