ПАРТИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САНДУ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО МОЛДАВИЈА, ПРОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОВИКА НА ПРОТЕСТИ

    ПАРТИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА САНДУ УБЕДЛИВО ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ ВО МОЛДАВИЈА, ПРОРУСКАТА ОПОЗИЦИЈА ПОВИКА НА ПРОТЕСТИСанду предупреди на големо руско мешање на изборите и купување гласови и кажа дека иднината на земјата е во прашање (Фото: Гети)

    Проевропската партија на претседателката Маја Санду е на прагот на јасна победа и ново мнозинство во парламентот по вчерашните избори во Молдавија, кои се сметаа за клучни за идниот пат на земјата кон Европска Унија. Санду предупреди на големо руско мешање на изборите и купување гласови и кажа дека иднината на земјата е во прашање.

    Нејзината Партија на акција и солидарност (ПАС) обезбеди 50% од гласовите, додека прорускиот Патриотски изборен блок освои двојно помалку. Излезноста беше околу 52%, нешто повеќе во споредба со претходните избори.

    Еден од главните опозициски лидери Игор Додон прогласи победа уште пред да бидат објавени какви било резултати и повика на протести пред парламентот денеска.

    Пред четири години, ПАС освои 52,8% гласови, па се очекува сега да има 54 пратеници во парламентот со 101 место. За да формира влада, ќе ѝ треба поддршка од други партии. Гласањето го следеа тензии, вклучувајќи дојави за подметната бомба на гласачки места во Италија, Романија, Шпанија и САД.

    Молдавците се погодени од руската војна во соседната Украина, но се борат и со зголемувањето на цените и високото ниво на корупција.

    Додон, кој е еден од главните ривали на Санду, излезе на националната телевизија веднаш штом се затворија гласачките места и објави дека неговите проруски сојузници од Патриотскиот изборен блок ги добиле изборите, и покрај тоа што немаше излезни анкети и не беа објавени првични резултати. Тој ја повика ПАС веднаш да ја напушти власта.

    „Нема да дозволиме дестабилизација. Граѓаните гласаа. Нивниот глас мора да се почитува дури и ако не ви се допаѓа“, рече Додон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира