ПАТНИЧКИ АВИОН ПАДНА ВО ЕЗЕРОТО ВИКТОРИЈА ВО ТАНЗАНИЈА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ, СПАСЕНИ 26 ПАТНИЦИ

    ПАТНИЧКИ АВИОН ПАДНА ВО ЕЗЕРОТО ВИКТОРИЈА ВО ТАНЗАНИЈА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ, СПАСЕНИ 26 ПАТНИЦИ

    Патнички авион од типот „атр-42“ падна во езерото Викторија во Танзанија непосредно пред слетувањето на аеродромот во крајбрежниот град Букоба. На летот на најголемата домашна приватна авиокомпанија „Присижн ер“ имало 43 луѓе, од кои 26 се спасени и превезени во болница.

    Спасувачки екипи и локални рибари го пребаруваат езерото во потрага по преживеани. Снимките од местото на несреќата покажуваат речиси целосно потопен авион во најголемото езеро во Африка.

    Авионот летал од главниот град Дар ес Салам кон Букоба кога налетал на невреме и силен дожд. Еден крај од аеродромската писта лежи до самиот брег на езерото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира