ПЕДОФИЛОТ ОСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ НА МЕДЛИН МЕКЕН СЕ ИСТРАЖУВА И ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДЕВОЈЧЕ ВО ГЕРМАНИЈА

    ПЕДОФИЛОТ ОСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ НА МЕДЛИН МЕКЕН СЕ ИСТРАЖУВА И ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДЕВОЈЧЕ ВО ГЕРМАНИЈАКристијан Б. служи седумгодишна затворска казна за силувањето на 72-годишна Американка во Португалија

    Новоосомничениот во случајот на Медлин Мекен се наоѓа под истрага и за исчезнувањето на едно германско девојче, објавија германските медиуми. Четириесет и тригодишниот Кристијан Б. веќе се наоѓа во затвор за друго злосторство.

    Заедничката истрага на лондонската, германската и португалската полиција заклучи дека тој бил во областа во Португалија каде што Медлин за последен пат била видена додека била на одмор со родителите во 2007 година. Германските обвинители веруваат дека Медлин е мртва и го водат случајот како истрага за убиство.

    Голем број германски медиуми објавија дека Кристијан Б. се доведува во врска со исчезнувањето на петгодишно девојче именувано само како Инга. Таа исчезнала од семејна забава во Саксонија-Анхалт на 2 мај 2015 и оттогаш ѝ се губи трагата.

    Германските обвинители вчера го опишаа Кристијан Б. како „сексуален предатор кој веќе бил осудуван за злосторства против девојчиња и моментално служи долга затворска казна“.

    Кристијан Б. служи седумгодишна затворска казна за силувањето на 72-годишна Американка во Португалија.

    Неговото досие кажува дека уште на 17-годишна возраст почнал да злоставува деца и против него досега биле покренати 17 обвиненија, пишува весникот „Шпигел“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира