ПЕНТАГОН ВЕЛИ ДЕКА РУСКИОТ БРОД „МОСКВА“ БИЛ ПОГОДЕН ОД ДВА ПРОЕКТИЛА „НЕПТУН“, ШТО УКРАИНА ПОЧНА ДА ГИ КОРИСТИ ЛАНИ

    ПЕНТАГОН ВЕЛИ ДЕКА РУСКИОТ БРОД „МОСКВА“ БИЛ ПОГОДЕН ОД ДВА ПРОЕКТИЛА „НЕПТУН“, ШТО УКРАИНА ПОЧНА ДА ГИ КОРИСТИ ЛАНИУкраина почнала да ги развива проектилите „нептун“ по руската анексија на Крим во 2014 (Фото: Украинското министерство за одбрана

    Пентагон кажа дека рускиот воен брод „Москва“ најверојатно бил погоден од два украински проектила и дека имало жртви меѓу руските сили. Наспроти ова, Русија вели дека бродот потонал во немирното Црно Море како последица на пожар и детонација на муницијата, што предизвикало сериозни оштетувања во трупот.

    Бродот долг речиси 200 метри беше симбол на воената моќ на Русија и гордост на нејзината црноморска флота и се верува дека неговото потопување има симболичко, дипломатско и воено значење.

    Од Пентагон вчера кажаа дека „Москва“ бил погоден од украинските проектили „нептун“, при што загинал непознат број руски морнари. Антон Герашченко, советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, изјави дека загинал и капетанот на бродот Антон Куприн (44).

    „Москва“ оригинално бил дизајниран како убиец на бродови. Тој почнал да се гради во 1976, а во служба влегол во 1983 година. Бродот бил надграден многупати низ годините и во теорија требало да биде способен да соборува проектили од типот на „нептун“.

    Украина почнала да ги развива овие проектили по руската анексија на Крим во 2014, а во украинските вооружени сили биле вклучени во март 2021. Нивниот дизајн е заснован на рускиот проектил „Кх-35“, што НАТО го вика „АС-20 кајак“.

    Според украинското министерство за одбрана, „нептун“ е крајбрежен противбродски крстосувачки проектил, способен да погодува пловила во домет до 300 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира