Пет деца се пронајдени мртви во стан во западногерманскиот град Солинген, објави полицијата.
Не е познато кој ги пронашол децата, а полицијата не соопшти како тие починале, ниту дали има осомничени.
„Децата се пронајдени во приватен стан. Полицијата ја блокираше областа“, објави портпаролот на полицијата на Вупертал.