ПЕТГОДИШНИОТ ОМРАН Е ЛИЦЕ НА УЖАСОТ ВО СИРИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:19:"Бејрут(АП)

    ПЕТГОДИШНИОТ ОМРАН Е ЛИЦЕ НА УЖАСОТ ВО СИРИЈА

    Сириски опозициски активисти објавија трогателна снимка на момче спасено од урнатините на зграда погодена во воздушен напад во Алеп. Снимката на шокираното, испарталавено дете седнато на портокалова столица во амбулантно возило, со прашина и крв на лицето, ги срочува во една глетка ужасните последици од војната во градот во северна Сирија.
    Снимката како вирус се рашири на социјалните мрежи. Доктор во Алеп го идентификуваше детето како петгодишниот Омран Дакнеш.
    Ужасеноста што ја предизвика видеото со Омран седнат во портокаловото седиште потсетува на глобалната реакција на сликите на Ајлан Курди, удавеното дете од Сирија чие тело беше најдено на плажа во Турција и го долови ужасот што зад себе го остава граѓанската војна во Сирија.
    Осама Абу ал-Ез потврди дека момчето било донесено во болницата позната како “М10” во средата вечерта, по воздушниот напад врз населбата Катерџи во Алеп што е под контрола на бунтовниците, со рани на главата, без повреда на мозокот, и подоцна било пуштено на домашно лекување. Спасувачките и новинарските екипи стигнале во Катерџи набрзо откако почнал воздушниот напад и почнале да извлекуваат жртви од под урнатините. “Ги подававме преку балкони”, рече фоторепортерот Махмуд Раслан кој ја направи фотографијата за паметење. Тој рече дека подал три безживотни тела пред да го земе в раце повреденото момче. Доктор во “М5” подоцна потврди дека има осуммина загинати од кои пет биле деца.
    Нападот се случи за време на вечерниот повик за молитва во околу 19 часот и 20 минути, вели Раслан, дописник за “Ал Џезира мубашир”. Омран бил спасен заедно со тројца негови браќа и сестри на возраст од 1 до 11 години, мајка му и татко му, од урнатините на нивната делумно уништена станбена зграда, рече Раслан. Никој од семејството нема потешки повреди, но зградата целосно се срушила набрзо откако ги извлекле. “Помалите деца веднаш ги пративме во амбулантното возило, но 11-годишното девојче чекаше да ја спасиме мајката. Стапалото беше заглавено под урнатините”, рече Раслан.
    Во видеото објавено доцна завчера од групата “Алеп медиа центар” се гледа маж како го зема детето од хаотичната кошмарна сцена и го носи во амбулантното возило. Детето е во шок и со празен поглед. Потоа си поминува со дланките по лицето облеано со крв, си ги погледнува дланките и ги брише од седиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира