ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВИОН НА „АМАЗОН’ ЈА ПРОМАШИ ПИСТАТА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО МАЈАМИ

    ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВИОН НА „АМАЗОН’ ЈА ПРОМАШИ ПИСТАТА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ НА АЕРОДРОМОТ ВО МАЈАМИОфицијалните лица велат дека е прерано да се знае причината за несреќата (Фото: АП)

    Товарен авион на „Амазон“ ја прелета пистата при обид за слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами, при што загинаа пет лица, а уште петмина се сериозно повредени. Авионотбоинг 767-300“, кој полетал од Сан Хуан во Порторико, удрил и во неколку возила на земја.

    „Амазон“ соопшти дека тесно соработува со локалните власти и службени лица за да се разбере точно што се случило. Федералната управа за воздухопловство нареди сите авиони да бидат приземјени, додека противпожарните екипи брзаа кон местото на несреќата.

    Најмалку пет лица ги изгубија животите, а уште пет се повредени. Спасувачките екипи пристигнаа на местото на настанот во рок од неколку секунди по несреќата“, изјави градоначалничката на округот Мајами-Дејд, Даниела Левин Кава.

    Тројца од петтемина повредени се во критична состојба, изјави шефот на противпожарната служба на Мајами, Официјалните лица велат дека е прерано да се знае причината за несреќата.

    Авионот на Амазон, управуван од 21 Ер, чартер-компанија со седиште во Северна Каролина, ја прелетал дијагоналната писта на Меѓународниот аеродром во Мајами. Авионот се запали како резултат на оваа несреќа“, објави аеродромот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира