ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО БОЖИЌНА ПАРАДА ВО САД

    ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО БОЖИЌНА ПАРАДА ВО САДСнимките од социјалните мрежи покажуваат црвен теренец како поминува низ парадата (Фото: Фејсбук)

    Најмалку пет лица загинаа, а 40 се повредени откако автомобил влета во парада во американската сојузна држава Висконсин. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат црвен теренец како поминува низ божиќната парада во градот Вокеша, источно од Милвоки.

    Шефот на полицијата Ден Томпсон кажа дека десетици луѓе се повредени, меѓу кои има и деца, а едно лице е во притвор.

    „Во овој момент се чини дека не станува збор за терористички чин“, додаде Томпсон.

    Од полицијата кажаа дека осомничениот наводно бегал од друг инцидент кога влетал меѓу луѓето на парадата.

    Вокеша, град со 72.000 жители, традиционално одржува парада во недела пред Денот на благодарноста.

    „Возилото на осомничениот е запленето. Полицијата морала да пука во автомобилот во обид да го запре“, изјави Томпсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира