Најмалку пет лица загинаа, а уште 10 се повредени во украински напад со дронови врз магацин во близина на Москва, изјави регионалниот гувернер Андреј Воробјов. Тој не прецизираше што било цел, но Украина во последните недели напаѓаше објекти управувани од „Вајлдберис“, честопати нарекуван „руски Амазон“.
Локалните власти рекоа дека магацини на „Вајлдберис“ ноќеска биле нападнати и во регионите Санкт Петербург и Твер. Руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле пресретнати и уништени 320 беспилотни летала.
Воробјов изјави дека бил нападнат индустриски објект во Новоселки, Чехов, околу 70 километри јужно од Кремљ, што предизвикало пожар во магацин. Тој додаде дека има и десет повредени лица, од кои едно е во сериозна состојба.
Украинските медиуми објавија дека нападот во Москва е поврзан со „Вајлдберис“.
Русија во исто време ја нападна Украина, при што седум лица загинале во Миколаив и Суми, вклучувајќи четири деца.



