ПИЉАРОТ АХМЕД ДОБИ ЧЕК ОД 1,65 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТКАКО СОВЛАДА ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СИДНЕЈ

    ПИЉАРОТ АХМЕД ДОБИ ЧЕК ОД 1,65 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОТКАКО СОВЛАДА ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ ВО СИДНЕЈАхмед го прими чекот во болница во Сиднеј, каде што закрепнува по операцијата (Фото: Фејсбук)

    Мажот кој спаси животи откако совлада еден од напаѓачите за време на масовното пукање на плажата Бонди во Сиднеј прими чек од повеќе од 2,5 милиони австралиски долари (1,65 милиони американски долари) откако десетици илјади луѓе донирале на веб-страница за донации.

    Четириесет и тригодишниот пиљар и татко на две деца Ахмед ал Ахмед се криел зад паркирани автомобили, по што му се нафрлил на еден од напаѓачите, му го одзел оружјето и го бутнал на земја. Тој притоа бил ранет двапати од другиот напаѓач.

    Во масакрот беа убиени 15 луѓе на возраст од 10 до 87 години, како и еден од двајцата напаѓачи. Tатко и син со индиско потекло го извршија нападот за време на прослава на еврејскиот празник Ханука.

    Ахмед го доби чекот во болница во Сиднеј, каде што закрепнува по операцијата. Повеќе од 43.000 луѓе донираа пари за него, а најголемата сума ја дал милијардерот Бил Акман, 99.999 долари.

    Кога ги спасив луѓето, го направив тоа од срце затоа што беше убав ден. Сите уживаа во прославата, деца, жени, мажи, тинејџери, сите беа среќни и заслужуваат да уживаат. Оваа земја е најдобрата земја во светот, но ние нема само да стоиме и да гледаме, доста е“, изјави Ахмед.

    Тој го напуштил својот дом во сириската провинција Идлиб пред речиси 20 години и дошол во Австралија во потрага по работа. Денес продава овошје, зеленчук и тутун.

    Очевидците кажаа дека нападот траел десетина минути. Видео снимено од минувач покажа маж како се бори со еден од напаѓачите и го разоружува. Тој подоцна беше именуван како Ахмед ал Ахмед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира