ПИЛОТОТ КОЈ СРЕДЕ ЛЕТ САКАЛ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ ВО АВИОН НА „АЉАСКА ЕРЛАЈНС“ КАЖА ДЕКА ЈАДЕЛ МАГИЧНИ ПЕЧУРКИ

    ПИЛОТОТ КОЈ СРЕДЕ ЛЕТ САКАЛ ДА ГИ ИСКЛУЧИ МОТОРИТЕ ВО АВИОН НА „АЉАСКА ЕРЛАЈНС“ КАЖА ДЕКА ЈАДЕЛ МАГИЧНИ ПЕЧУРКИЏозеф Дејвид Емерсон бил совладан од член на екипажот и уапсен во Портланд, каде што авионот бил пренасочен и безбедно слетал (Фото: Гети)

    Пилотот кој во неделата се обидел да ги исклучи моторите во авион на „Аљаска ерлајнс“ за време на лет ѝ рекол на полицијата дека имал нервен слом откако консумирал магични печурки два дена порано и не спиел 40 часа, стои во судските документи.

    Четириесет и четиригодишниот Џозеф Дејвид Емерсон, кој е вработен во компанијата, не бил на должност кога се случил инцидентот, туку бил само патник на летот од Еверет (Вашингтон) до Сан Франциско. По кратка пресметка во кокпитот со капетанот и првиот офицер, Емерсон бил совладан од член на екипажот и уапсен во Портланд, каде што авионот бил пренасочен и безбедно слетал.

    Тој доби 83 обвиненија за обид за убиство, по едно за секој човек во авионот и уште едно за загрозување авион, при што вчера се изјасни како невин во суд во Портланд.

    Емерсон по апсењето рекол дека преживувал ментална криза за време на инцидентот и страдал од депресија во последните шест месеци. Тој исто така признал дека за првпат консумирал магични печурки, земајќи ги 48 часа пред летот

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира