ПЛАМЕН НИКОЛОВ ОД ИМА ТАКОВ НАРОД ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА БУГАРСКА ВЛАДА

    ПЛАМЕН НИКОЛОВ ОД ИМА ТАКОВ НАРОД ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА БУГАРСКА ВЛАДАПретседателот Радев му порача на Николов дека е време да се открие како ќе се борат против корупцијата во државата (Фото: Бгнес)

    Пламен Николов од Има таков народ е кандидат за нов премиер на Бугарија и претседателот Румен Радев денеска му го додели мандатот за составување влада. Четириесет и четиригодишниот Николов е бизнисмен кој на последните парламентарни избори беше избран за пратеник.

    „Луѓето кои гласаа за вас очекуваат да се промени пропаднатиот корупциски модел на власта. Време е да се открие како и со кои луѓе. Се насобраа толку многу неодложни проблеми и верувам дека сте свесни за тоа. Бугарите се во очекување на вашите предлози за состав на новата влада“, изјави Радев.

    Има таков народ доби шанса да формира влада и по изборите на 4 април, но тогаш беше втора политичка сила во државата, па се откажа. Со исклучок на ГЕРБ, сите останати парламентарни партии се во игра да коалицираат со Има таков народ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира