ПЛЕЈБОЈ ГИ ВРАЌА ГОЛИТЕ ЖЕНИ, ОТКАКО ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ГИ ОТКАЧИ

    ПЛЕЈБОЈ ГИ ВРАЌА ГОЛИТЕ ЖЕНИ, ОТКАКО ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ГИ ОТКАЧИСо најавата „Голотијата е нормална“, Плејбој по една година си го враќа идентитетот - насловната за март 2017 (Фото: Плејбој)

    Голите жени се враќаат во Плејбој, прекинувајќи со едногодишната забрана за голотија по што магазинот беше познат цели 63 години.

    Спроти Свети Валентин магазинот го најави враќањето на стариот Плејбој со објави на Фејсбук и на Твитер со хаштагот #NakedIsNormal.

    Плејбој пред една година ги исфрли голите жени со образложение дека тоа е минато време во ерата кога насекаде онлајн многу лесно може да се добие порно.

    Но, Купер Хефнер, главниот креативен директор и 25-годишниот син на основачот на Плејбој Хју Хефнер на својот твитер профил напиша дека откажувањето од голотијата пред една година било грешка. Тој изјави дека магазинот си го враќа изгубениот идентитет.

    Враќањето на стариот Плејбој го поздравија и останатите американски печатени медиуми. „Форбс“ напиша дека никој нема да се збуни и дека се знае што е Плејбој, наспроти Пентхаус, или Хастлер.

    „Тие знаат дека ако читателите сакаат нешто поексплицитно ќе одат да бараат на интернет. Но бизнис стратегијата на Купер Хефнер не е тој да се натпреварува со интернетот. Тој си има сопствен простор кој неговиот татко веќе го освои со лежерен микс на политика, секс и бунтовен став“, пишува „Форбс“ во најавата за повторно разголениот магазин.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира