ПО 200 НЕУСПЕШНИ ОБИДИ ЗА 100 ГОДИНИ, БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ПРОТИВ ЛИНЧУВАЊЕ

    ПО 200 НЕУСПЕШНИ ОБИДИ ЗА 100 ГОДИНИ, БАЈДЕН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ ПРОТИВ ЛИНЧУВАЊЕУчесниците во линчувањетo ќе се соочат со затворска казна до 30 години (Фото: АП)

    Џо Бајден го потпиша законот со кој линчувањето се прогласува за федерално злосторство од омраза во САД. Во изминатите стотина години имало повеќе од 200 обиди да се донесе ваков закон.

    Законот е именуван според црниот тинејџер Емет Тил, чие брутално убиство во Мисисипи во 1955 година го покрена движењето за граѓански права.

    Учесниците во линчувањето, без разлика дали завршило со смрт или повреда, ќе се соочат со затворска казна до 30 години.

    „Ви благодарам што никогаш не се откажавте. Линчувањето беше чист ужас преку кој се наметнуваше лагата дека не сите припаѓаат во Америка и дека не сите се создадени еднакви. Расната омраза не е стар, туку постојан проблем. Омразата никогаш не заминува, само се крие“, изјави Бајден.

    Законот едногласно помина во Сенатот овој месец, откако доби огромна поддршка и во Претставничкиот дом, кога само тројца републиканци гласаа против.

    Околу 4.400 Афроамериканци биле линчувани меѓу 1877 и 1950 година. Убиството на Ахмод Арбери, кој беше бркан и застрелан од тројца белци во Џорџија во 2020, многумина го опишаа како модерно линчување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира