ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВО, УАПСЕН НАЈБАРАНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШКИ БОС МАТЕО ДЕНАРО

    ПО 30 ГОДИНИ БЕГСТВО, УАПСЕН НАЈБАРАНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ МАФИЈАШКИ БОС МАТЕО ДЕНАРОДенаро беше осуден на доживотен затвор во отсуство во 2002 за неговата улога во низа убиства (Фото: Гети)

    Најбараниот италијански мафијашки бос Матео Месина Денаро е уапсен на Сицилија по 30 години бегство. Денаро, кој важеше за водач на озлогласената сицилијанска мафија Коза ностра, бил фатен во една приватна клиника во Палермо.

    „Ова е одлична вест за државата“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Тој беше осуден на доживотен затвор во отсуство во 2002 за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година. Казната ги опфати и бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано следната година, во кои загинаа десет луѓе, како и киднапирањето, мачењето и убиството на 11-годишниот син на мафијаш кој станал сведок.

    Шеесетгодишниот Денаро, познат по прекарот Дијаболик, наводно продолжил да живее луксузен живот и додека бил во бегство благодарение на неколкумина банкари. Во август 2021, италијанската телевизија „РАИ“ објави снимка од едно негово сведочење во март 1993, по кое избега и оттогаш му се губеше трагата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира