ПО 63 ГОДИНИ, ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ПОЛЕТАА ПОШТЕНСКИТЕ АВИОНИ, ГЕРМАНЦИТЕ ОТСЕГА ПОДОЛГО ЌЕ ЧЕКААТ ПИСМА

    ПО 63 ГОДИНИ, ВО ГЕРМАНИЈА ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ ПОЛЕТАА ПОШТЕНСКИТЕ АВИОНИ, ГЕРМАНЦИТЕ ОТСЕГА ПОДОЛГО ЌЕ ЧЕКААТ ПИСМАНа последниот ден со шест авиони биле превезени 1,5 милиони писма тешки 53 метрички тони (Фото: ДПА)

    Последните авиони кои испорачуваат писма и пратки низ Германија полетаа денеска откако „Дојче пост“ одлучи да ја укине оваа услуга по 63 години.

    Укинувањето на воздушниот поштенски транспорт со цел да се намалат трошоците и штетните емисии доаѓа откако германската влада ги ублажи правилата што го регулираат времето на испорака, што значи дека граѓаните сега ќе треба подолго да ги чекаат своите писма и пратки.

    Последниот авион со домашна пошта утрово леташе од Берлин до Штутгарт, а претходно вакви авиони полетаа и од Хановер, Минхен и Штутгарт, превезувајќи вкупно 1,5 милиони писма тешки 53 метрички тони.

    Законот за германска пошта налагаше најмалку 80% испратени писма да се испорачаат следниот работен ден, односно 95% по два дена, со што авионскиот поштенски превоз беше од суштинско значење. Од „Дојче пост“ кажаа дека испорачувањето на пошта по копнен пат ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид за 80% по писмо.

    Ноќните летови за транспорт на пошта почнаа во 1961 и „Дојче пост“ продолжи да ја користи оваа услуга иако во изминатите години значително се намали бројот на испратени писма откако луѓето се префрлија на онлајн комуникација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира