Премиерката Џорџа Мелони и министрите од нејзината влада го поддржаа предлогот за уставна реформа со која Италијанците во иднина директно би избирале премиер, со цел да се стави крај на хроничната политичка нестабичност во земјата.
Италија имаше речиси 70 влади по Втората светска војна, над двојно повеќе од Германија и Велика Британија. Обидите да се создаде посилен систем, што последен пат се случи во 2016, секогаш пропаѓале поради бројни конкурентни визии.
Според новиот предлог, коалициите однапред ќе треба да ги истакнат своите кандидати за премиер на изборите, со цел да се создаде посилна врска помеѓу владата и гласачите. Владата исто така планира да го смени изборниот законик за да се обезбедат функционални мнозинства, со што би се избегнале нестабилните парламенти, какви што произлегоа од изборите во 2013 и 2018.
„Направивме голем чекор напред кон реформи на реформите, што ќе ѝ даде стабилност на земјата“, изјави министерката за реформи Марија Елизабета Алберти Кастелати.
Левичарските партии Движење пет ѕвезди и Демократска партија кажаа дека се противат на ваквите реформи зашто со нив се загрозуваат контролите и рамнотежата од уставот напишан во 1948 година.