ПО БРИТАНИЈА И ФРАНЦИЈА, И КАНАДА НАЈАВИ ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА

    ПО БРИТАНИЈА И ФРАНЦИЈА, И КАНАДА НАЈАВИ ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВАПремиерот Марк Карни побара одржување избори во Палестина без Хамас (Фото: АП)

    Премиерот Марк Карни објави дека Канада планира да ја признае палестинската држава во септември, следејќи го примерот на Франција и Велика Британија. Тој кажа дека потегот зависи од демократските реформи, што вклучува одржување избори без Хамас.

    Ден порано, Велика Британија најави дека ќе ја признае палестинската држава во септември доколку Израел не прифати прекин на огнот и други услови.

    Израелското министерството за надворешни работи ја отфрли објавата на Канада, опишувајќи ја како награда за Хамас.

    Карни кажа дека Канада формално ќе ја признае Палестина на претстојното Генерално собрание на ОН. Тој ги наведе проширувањето на израелските населби на окупираниот Западен Брег, влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа и нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври 2023 како причини за драматичната промена во надворешната политика на Канада.

    „Нивото на човечко страдање во Газа е неподносливо и брзо се влошува. Канада долго време е посветена на решение со две држави како дел од преговорите за мировен процес, но овој пристап повеќе не е одржлив. Перспективата за палестинска држава се еродира пред нашите очи“, рече Карни.

    Од 193 членки на Обединетите нации, 147 ја имаат признато палестинската држава. Доколку Франција и Велика Британија формално го направат тоа, САД ќе бидат единствената постојана членка на Советот за безбедност на ОН која не го сторила тоа.

    Околу 12 часа по објавата на Канада, Доналд Трамп ѝ одговори на својата социјална мрежа.

    „Канада штотуку објави дека ја поддржува државноста на Палестина. Тоа многу ќе ни го отежни склучувањето трговски договор со нив. О, Канада“, напиша Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира