ПО ДВА ДЕНА ПОТРАГА, УАПСЕН МАЖОТ КОЈ УБИ ПРАТЕНИЧКА И РАНИ СЕНАТОР ВО МИНЕСОТА, ИМАЛ ЛИСТА НА ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ОТСТРЕЛ

    ПО ДВА ДЕНА ПОТРАГА, УАПСЕН МАЖОТ КОЈ УБИ ПРАТЕНИЧКА И РАНИ СЕНАТОР ВО МИНЕСОТА, ИМАЛ ЛИСТА НА ФУНКЦИОНЕРИ ЗА ОТСТРЕЛВенс Белтер ги извршил нападите преправен во полицаец (Фото: АФП)

    По два дена обемна потрага, американската полиција го уапси 57-годишниот Венс Белтер, кој во саботата ги уби демократската пратеничка од Минесота Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг во нивниот дом, преправајќи се дека е полицаец. Во друг напад неколку километри подалеку, Белтер ги застрелал и ранил демократскиот државен сенатор Џон Хофман и неговата сопруга.

    Гувернерот на Минесота, Тим Волц, ги опиша нападите како политички мотивирани атентати.

    По дводневна потрага, две бессони ноќи, органите на редот го уапсија Венс Белтер. Неговите незамисливи дејства ја променија Минесота“, кажа Волц.

    Тој додаде дека Хофман, кој бил застрелан девет пати, ја имал последната операција и се очекува да заздрави.

    Белтер, кој тврдел дека е безбедносен експерт со искуство од Газа и Африка, доби две обвиненија за убиство од втор степен и две обвиненија за обид за убиство од втор степен.

    Тој ги извел нападите преправен во полицаец, бил облечен во полициска униформа и возел полициски џип „форд“. Избегал пешки откако разменил оган со полицијата пред куќата на Хофман во гратчето Бруклин Парк, по што започна најголемата потрага во историјата на Минесота. Бил вооружен кога полицијата го фатила во рурална шумска област.

    Претходно, во џипот на Белтер биле пронајдени три „калашникови“, пиштол и листа со имиња и адреси на јавни службници, поради што полицијата смета дека тој сакал да изврши уште напади. На листата имало функционери и од други сојузни држави.

    Сега почнува тешката работа да се откријат мотиви“, рече шефот на полицијата на Бруклин Парк, Марк Брули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира