Како што се ближи крајниот рок за доставување понуди за купување на Алиталија, весникот „Кориере дела сера“ објави дека Луфтханза ќе го преземе банкротираниот италијански авиопревозник за 500 милиони евра, само неколку дена откако го купи и Ер Берлин.
Слично на германскиот национален авиопревозник, Алиталија прогласи банкрот во мај годинава, откако неговиот главен акционер Етихад објави дека веќе нема да му дава финансиска помош.
Според „Кориере дела сера“, Луфтханза подготвува понуда од 500 милиони евра за преземање на голем дел од Алиталија, што вклучува авиони, пилоти, екипаж и места на аеродроми. Повикувајќи се на три извори, „Кориере дела сера“ пишува дека Германците ќе отпуштат 6.000 вработени и ќе откажат некои пократки линии.
Италијанската влада се обиде да ја спаси Алиталија, откако ѝ позајми вкупно 900 милиони евра, за да ја одржи оперативна до наредното лето.