ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ МОЖЕБИ НЕМА ДА СЕ ДОЗНАЕ СО МЕСЕЦИ, ВЕЛИ ТРАМП

    ПОБЕДНИКОТ НА ИЗБОРИТЕ МОЖЕБИ НЕМА ДА СЕ ДОЗНАЕ СО МЕСЕЦИ, ВЕЛИ ТРАМПТрамп смета дека гласањето по пошта ќе предизвика голем хаос (Фото: Ројтерс)

    Доналд Трамп изјави дека Американците можеби со месеци нема да дознаат кој е победникот на претседателските избори во ноември, бидејќи гласањето по пошта ќе предизвика голем хаос. Се проценува дека половина од гласачите би можеле да се решат за овој начин на гласање.

    За разлика од Трамп, експертите сметаат дека ќе бидат потребни неколку дена пред да се објави името на победникот, зашто на официјални лица ќе им треба време за да ги пребројат сите гласачки ливчиња што ќе пристигнат по пошта после 3 ноември.

    Зборувајќи на митингот во Вирџинија, Трамп кажа дека преферира што побрзо да дознае дали победил или изгубил.

    Сакам да вклучам телевизор и да кажат ‘победникот е…‘. Но, тоа можеби нема да го чуете со месеци, зашто ова е еден голем хаос. Не очекувајте името на победникот да го чуете првата вечер. Јас можеби ќе водам, а тие ќе продолжат и ќе продолжат да бројат ливчиња, затоа што велат дека некои ливчиња ќе стигнат покасно“, кажа Трамп.

    Судот во некои сојузни држави дозволи броење гласови и после 3 ноември, но само доколку ливчето било испратено на изборниот ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира