Американскиот војник кој вчера се запали во израелската амбасада во Вашонгтон им подлегнал на повредите. Тој беше идентификуван како 25-годишниот Арон Бушнел од Сан Антонио, Тексас и беше активен припадник на американските воздушни сили.
Бушнел беше превезен во болница со тешки повреди и во критична состојба откако припадници на Тајната служба по една минута го изгаснале огнот. Пред да се запали, Бушнел рекол дека веќе не сака да учествува во геноцид и извикал „Слобода на Палестина“.
По влегувањето во амбасадата, тој почнал да врши пренос во живо на видеоплатформата Твич, а откако го одложил телефонот, се полеал со течност и се запалил. Снимката во меѓувреме беше тргната од Твич.
Од почетокот на војната помеѓу Израел и Хамас на 7 октомври, во Газа се убиени речиси 30.000 луѓе, од кои две третини се жени и деца.