ПОЧИНА БИВШИОТ КИНЕСКИ ЛИДЕР ЏИЈАНГ ЦЕМИН, КОЈ ЈА ПРЕТВОРИ ЗЕМЈАТА ВО ЕКОНОМСКА СУПЕРСИЛА

    ПОЧИНА БИВШИОТ КИНЕСКИ ЛИДЕР ЏИЈАНГ ЦЕМИН, КОЈ ЈА ПРЕТВОРИ ЗЕМЈАТА ВО ЕКОНОМСКА СУПЕРСИЛАЦемин дојде на власт во крвавите протести во 1989 (Фото: Гети)

    Поранешниот кинески претседател Џијанг Цемин, кој дојде на власт по протестите на плоштадот Тијананмен, почина на 96 години, објавија државните медиуми. Џијанг беше една од најзначајните кинески личности во изминатите децении и претседаваше во времето на големото отворање и брзиот раст на Кина.

    Џијанг беше избран за генерален секретар на Комунистичката партија по крвавото задушување на протестите во Пекинг во 1989 година, по кое Кина беше изолирана на меѓународен план. Овие настани доведоа до жестока борба за власт помеѓу тврдокорните реакционери и реформистите.

    Изборот на Џијанг, кој тогаш веќе се подготвувал за пензија, беше компромис, со надеж дека ќе доведе до обединување на тврдокорните и полибералните струи. Сепак, под неговото водство, кинеската економија доживеа огромен подем, комунистите ја зацврстија својата власт, а Кина влезе во редот на светските суперсили.

    Тој исто така ја надгледуваше мирната реинтеграција на Хонгконг и Макао и ја врати Кина во Светската трговска организација во 2001. Од политичката сцена се повлече во 2004, една година откако на претседателската функција го замени Ху Џинтао.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира