ПОЧИНА ЕДНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД, БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ПОРАСНА НА 15

    ПОЧИНА ЕДНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД, БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ПОРАСНА НА 15Лекарите ја продолжуваат борбата за спас на останатите двајца тешко повредени (Фото: Фонет)

    Почина еден од тројцата пациенти кои беа примени во болница со тешки повреди по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, со што бројот на жртвите порасна на 15.

    Во прашање е пациентката која ги имаше најтешките повреди. Таа е 15. жртва на несреќата која се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај напорите на лекарите, дојде до смртниот исход“, изјави директорката на клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов.

    Таа додаде дека повредите кај починатата биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите ја продолжуваат борбата за спас на останатите двајца тешко повредени. Тие се во свесна, но и натаму во критична состојба.

    Во уривањето на настрешницата на самото место загинаа 14 луѓе, меѓу кои и Македонецот Велко Саздовски, кој работел како научник во Нови Сад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира