ПОЧИНА КОМИЧАРОТ ЏИН ВАЈЛДЕР

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"САД,(Ен-Пи-Ар)

    ПОЧИНА КОМИЧАРОТ ЏИН ВАЈЛДЕР

    Американскиот комичар Џин Вајлдер, кој ја внесе својата карактеристчна манична енергија во филмови како „Продуценти“, „Огнени седла“, „Младиот Франкештајн“ и во улогата што засекогаш го запечати во колективната меморија на многу генерации деца, „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“, почина на 83 години.

    Вајлдер често соработуваше со писателот и режисер Мел Брукс, како и со стенд-ап комичарот Ричард Прајор. Освои два Оскари. Од 1989 боледуваше од Хочкинова лимфома.

    Како ексцентричниот чоколадиер Вили Вонка, Вајлдер ја скроти хистеријата по која беше познат на филм со дрска мистериозност, која на детскиот филму му даде доза опасност. Славна е приказната дека одбил да ја прифати улогата ако неговиот лик не се појави како куцајќи на едната нога излегува од фабриката, па со заривање на бастунот во земја прави колут напред. Кога режисрот Мел Стјуарт го праша зошто, Вајлдер рече: „Затоа што од тогаш натаму, никој нема да знае дали лажам или зборам вистина“:

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари