ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ФРАНЦУСКА АКТЕРКА ЖАНА МОРО

    ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНАТА ФРАНЦУСКА АКТЕРКА ЖАНА МОРОЖана Моро почина во Париз на 89 години (Фото: АФП)

    Актерката Жана Моро, една од најголемите ѕвезди на францускиот филм во последните 60 години, почина на 89 години. Моро веројатно е најпозната по улогата во филмот од францускиот нов бран  „Жил и Жим“ на Франсоа Трифо од 1962 .

    Таа освои бројни награди, меѓу кои и за најдобра актерка во Кан за „Седум дена … Седум ноќи“ во 1960. Моро  работеше и со Орсон Велс на неколку филмови и ја доби наградата Бафта за најдобра странска актерка за „Вива Марија!“ на Луј Мал во 1967.

    Моро беше најдена мртва во нејзиниот дом во Париз, изјави градоначалникот на округот за новинската агенција АФП.

    Оддавајќи почит, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Моро е „отелотворение на филмот“ и слободен дух кој „секогаш се бунел против воспоставениот поредок“.

    Моро имаше плодна кариера и продолжи да игра и во нејзините 80-ти години. Меѓу другите играла и во „Ноќ“ на Микеланџело Антониони од 1961,  „Дневникот на собарката“ на Луис Буњуел (1964), и „Госпоѓица“ на Тони Ричардсон (1966).

    Таа славно ја одби поканата на Мајк Николс да ја игра г-ѓа Робинсон во „Дипломец“, и наместо тоа, повторно соработуваше со Трифо за „Невестата носеше црно“ од 1968, омаж на Алфред Хичкок. Моро освои една од највисоките актерски почести на Франција, Сезар за најдобра актерка, за „Старата дама која влезе во морето“ во 1992.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира