ПОЧИНА НИКОЛАЈ АНТОШКИН, ГЕНЕРАЛ КОЈ ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ОПЕРАЦИЈАТА НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО ЧЕРНОБИЛ

    ПОЧИНА НИКОЛАЈ АНТОШКИН, ГЕНЕРАЛ КОЈ ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ОПЕРАЦИЈАТА НА ГАСНЕЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО ЧЕРНОБИЛАнтошкин ја преживеа радијацијата, за да почине од кивид-19 (Фото: Гети)

    Генералот Николај Антошкин, командирот на опасната хеликоптерска операција во која тој и останатите пилоти храбро ѝ пркосеа на радијацијата за да го изгаснат пожарот во нуклеарната централа во Чернобил, почина на 78 години. Спикерот на рускиот парламент Вјачеслав Володин изјави дека Антошкин „подлегнал на опасна болест“, а други извори кажаа дека тој извесно време се лекувал од ковид-19.

    Антошкин беше водач на таканаречените ликвидатори, тим на воени и цивилни работници кои беа испратени на местото на најголемата нуклеарна несреќа во историјата. Соочувајќи се со невидени ризици, тие станаа херои на нацијата и денес се смета дека спречиле катастрофа од уште поголеми размери.

    Четвриот реактор во Чернобил експлодираше на 26 април 1986 година, исфрлувајќи радијација во воздухот, а уште поголема закана доаѓаше од пожарот во отворениот реактор, од каде што излегуваше радиоактивен чад.

    Антошкин, кој во тоа време служел во советските воздушни сили во Киев, бил назначен да предводи операција на гаснење на пожарот од воздух, што траело околу две недели. Хеликоптерите кои летале над отворениот реактор исфрлиле 5.000 тони песок, глина и олово за да го изгаснат огнот и да ја потиснат радијацијата.

    Вкупно 28 ликвидатори, вклучувајќи пожарникари кои гаснеле од земја, починале од труење или изложеност на радијација. Антошкин преживеа и потоа помина уште три децении во армијата и стана пратеник во рускиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира