Поранешниот претседател на Грција Каролос Папуљас почина денеска во Атина на 92 години. Тој отслужи два мандата како претседател, од 2005 до 2015 година.
Папуљас беше долгогодишен член на ПАСОК и беше министер во неколку влади, во министерството за одбрана и за надворешни работи. Беше и пратеник 26 години.
„Неговото учество во Националниот отпот и неговите напори против хунтата го дефинираа неговиот животно патување, одразувајќи ја неговата посветеност на идеалите на слобода и правда кои постојано ги бранеше“, кажа актуелната претседателка Катерина Сакеларопуло.