ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УРУГВАЈ ХОЗЕ МУХИКА ПЕПЕ, ПОЗНАТ КАКО НАЈСКРОМНИОТ ЛИДЕР НА СВЕТОТ

    ПОЧИНА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УРУГВАЈ ХОЗЕ МУХИКА ПЕПЕ, ПОЗНАТ КАКО НАЈСКРОМНИОТ ЛИДЕР НА СВЕТОТПоддржувачите го сметаа за еден од најскромните лидери што земјата некогаш ги имала, поради одлуката да се откаже од претседателската палата и да живее на фарма за време на мандатот. (Фото: Гети)

    На 89 години вчера почина поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика Пепе, познат како најскромен лидер,  левичарска икона познат по своите прогресивни општествени реформи.

    „Со длабока тага ја објавуваме смртта на нашиот другар Пепе Мухика“, објави претседателот на Уругвај, Јаманду Орси на Икс. Претседател, активист, лидер и водич. Многу ќе ни недостигаш, драго старче. Ти благодариме за сè што ни даде и за твојата длабока љубов кон твојот народ“, рече Орси, кој беше близок до починатиот лидер.

    Мухика Беше претседател од 2010 до 2015. Поддржувачите го сметаа за еден од најскромните лидери што земјата некогаш ги имала, поради неговата одлука да се откаже од претседателската палата и да живее на фарма за време на неговиот мандат.

    Се лекуваше од рак, а лани на новинарите им рече дека ќе се бори колку што може.

    „Ќе продолжам да се борам заедно со моите другари, верен на мојот начин на размислување и забавувајќи се со мојот зеленчук и моите кокошки“, рече тој. „За останатото, благодарен сум, и на крајот на краиштата, не можете да ми го одземете она што го имав“, рече Мухика.

    За време на неговиот мандат, економијата на Уругвај се разви, а тој спроведе неколку прогресивни реформи. Уругвај го легализираше абортусот, истополовите бракови и дозволи рекреативна употреба на канабис, станувајќи првата земја во светот што го стори тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира