ПОЧИНА СЛАВНАТА АРХИТЕКТКА ЗАХА ХАДИД

a:1:{s:9:"td_source";s:6:"САД

    ПОЧИНА СЛАВНАТА АРХИТЕКТКА ЗАХА ХАДИД

    Светски познатата британска архитектка, дамата Заха Хадид, меѓу чии дела е и Олимпискиот акватик центар во Лондон, почина денеска на 65 години. Хадид, родум од Ирак, доживеа срцев удар додека беше во болница во Мајами, каде се лекуваше од бронхитис.

    Хадид проектираше згради низ целиот свет, од Хонгконг, преку Германија до Азербејџан, и е прва жена која го доби златниот медал на Кралскиот институт на архитекти на Британија. Во 2004 беше првата жена што ја доби престижната Прицкерова награда, што е рамна на  Нобелова за архитектура, а во 2012 ја доби кралската титула дама.

    Heidar Aliev

    Културниот центар Хајдар Алиев во Баку, Азербејџан, дело на Хадид, во 2014 ја освои наградата Дизајн на годината

    Нејзините згради се исклучително неофутуристички, се карактеризираат со моќни, обли форми на издложени структури, со повеќекратни перспективни точки и фрагментирана геометрија, која асоцира на хаосот на современиот живот. До неодамна беше професор на Унивезитетот на применета уметност во Виена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари