ПОЧИНА ТРУДНИЦАТА ОД ФОТОГРАФИЈАТА ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА БОЛНИЦАТА ВО МАРИУПОЛ

    ПОЧИНА ТРУДНИЦАТА ОД ФОТОГРАФИЈАТА ОД БОМБАРДИРАЊЕТО НА БОЛНИЦАТА ВО МАРИУПОЛФоторепортер на АП ја снимил фотографијата набргу по ракетниот напад во средата

    Трудницата која беше фотографирана како ја спасуваат по бомбардирањето на породилиштето во Мариупол починала заедно со бебето. По нападот во кој загинале четири лица, таа била пренесена во друга болница, каде што била породена со царски рез, но бебето не покажувало знаци на живот.

    „Таа имаше тешки повреди на карлицата и колкот. Лекарите половина час се обидуваа да ја реанимираат мајката по породувањето, но безуспешно“, изјави хирургот Тимур Марин за агенцијата АП.

    Лекарите не успеале да го дознаат името на жената, бидејќи нејзините сопруг и татко веднаш го однеле телото.

    Фоторепортер на АП ја снимил фотографијата што го обиколи светот набргу по ракетниот напад во средата и таа останува еден од најбруталните моменти од 19-дневната војна во Украина. Украинските власти велат дека повеќе од 2.500 луѓе загинале во досегашните напади на Мариупол, во кој владеат исклучително тешки услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира