Почина поранешниот партнер на угандската маратонка Ребека Чептегеи, која тој ја полеа со бензин и ја запали. Диксон Ндема им подлегнал на повредите здобиени во нападот, објави болницата во Кенија во која се лекуваше.
Чептегеи, која настапи на Олимписките игри во Париз, беше нападната од Ндема на 1 септември, при што претрпе изгореници на 75% од телото и почина четири дена подоцна. Ндема од нападот лежеше на одделот за интензивна нега со изгореници на 30% од телото.
Властите кажаа дека 33-годишната Чептегеи била нападната додека се враќала дома од црква, додавајќи дека имала спор со бившото момче за парче земјиште. Чептегеи тука сакала да изгради куќа за да биде во близина на многуте тренинг-центри во Кенија.