ПОЧНА СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ, ДЕЦАТА ЌЕ СЕ ИЗВЛЕКУВААТ ЕДЕН ПО ЕДЕН

    ПОЧНА СПАСУВАЧКАТА ОПЕРАЦИЈА ВО ТАЈЛАНДСКИТЕ ПЕШТЕРИ, ДЕЦАТА ЌЕ СЕ ИЗВЛЕКУВААТ ЕДЕН ПО ЕДЕН18-мина нуркачи ќе учествуваат во извлекувањето на децата (Фото: Гети)

    Тајландските власти потврдија дека почнале ризична операција на извлекување на 12-темина момчиња и на нивниот фудбалски тренер, кои веќе две недели се заглавени во пештерите, додавајќи дека тие се физички доволно подготвени за тоа.

    Групата побара засолниште на еден мал гребен длабоко во пештерите Там Луанг и бидејќи нивото на водата околу нив полека се крева, властите заклучиле дека веќе нема време за чекање, означувајќи ја неделата како денот Д.

    Добро обучените нуркачи кои изминативе денови ги снабдуваа со залихи ќе ги изведуваат надвор еден по еден.

    Властите објавија дека секое дете ќе биде придружувано од двајца нуркачи. Главната цел е тие да стигнат до комората број три, која изминативе денови беше исушена до степен оттаму да може да се оди пешки до излезот, на којшто децата влегоа на 23 јуни.

    Регионалниот гувернер Наронгсак Осотанакорн, кој ја предводи операцијата, потврди дека 18-мина нуркачи ќе учествуваат во операцијата.

    „Ова е денот Д. Мора да ја искористиме оваа можност. Децата беа посетени од лекари, кои заклучија дека тие се физички и психички подготвени. Тие се посветени и фокусирани. Групата и нивните семејства дадоа дозвола извлекувањето да почне што е можно поскоро“, изјави Осотанакорн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира