ПОЧНАВМЕ ДА ГО ВРАЌАМЕ ПАНАМСКИОТ КАНАЛ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО АМЕРИКАНСКА ФИРМА КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТА

    ПОЧНАВМЕ ДА ГО ВРАЌАМЕ ПАНАМСКИОТ КАНАЛ, КАЖА ТРАМП ОТКАКО АМЕРИКАНСКА ФИРМА КУПИ ДВЕ КЛУЧНИ ПРИСТАНИШТАНиз каналот годишно поминуваат 14.000 бродови (Фото: Гети)

    Доналд Трамп го поздрави договорот со кој американската фирма „Блекрок“ ќе купи најголемиот дел од акциите во две клучни пристаништа во Панамскиот Канал кои досега беа во сопственост на милијардер од Хонгконг. Зделката е вредна 22,8 милијарди долари и, според Трамп, тоа ќе го ослободи каналот од кинеската контрола.

    Мојата администрација ќе го поврати Панамскиот Канал и веќе почнавме да го правиме тоа. Токму денеска, голема американска компанија објави дека ги купува двете пристаништа околу Панамскиот Канал и разни други работи поврзани со него“, изјави Трамп.

    Уште пред да се врати во Белата куќа, Трамп почна да се заканува дека ќе го врати Панамскиот Канал под американска управа.

    Хачинсон холдинг“ од 1997 ги држеше пристаништата во Атлантскиот и Тихиот Океан на влезот во Панамскиот Канал. Компанијата не е во сопственост на кинеската влада, но поради седиштето во Хонгконг работи под кинеските финансиски закони. Договорот вклучува вкупно 43 пристаништа во 23 земји.

    Панамскиот Канал е изграден во почетокот на 20. век и до 1977 беше во целосна сопственост на САД, по што постепено ѝ се враќаше на Панама, под чија власт е од 1999.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира