ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ПРОТОТИП НА ЅИДОТ НА ТРАМП ДОЛЖ АМЕРИКАНСКО-МЕКСИКАНСКАТА ГРАНИЦА

    ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА ПРОТОТИП НА ЅИДОТ НА ТРАМП ДОЛЖ АМЕРИКАНСКО-МЕКСИКАНСКАТА ГРАНИЦАЧетирите бетонски прототипови ќе бидат долги и широки по девет метри, по што два месеца ќе се тестираат (Фото: Ен-Би-Си)

    Четири компании беа избрани да изградат прототипови на ѕидот, што американскиот претседател Доналд Трамп планира да го крене долж границата со Мексико, соопшти Управата за гранична и царинска безбедност на САД (ЦБП).

    Четирите бетонски прототипови ќе бидат долги и широки по девет метри и ќе бидат изградени во наредниве месеци, по што врз нив ќе се спроведат низа тестирања. Секој од четирите договори е вреден по 500.000 долари.

    „Овие прототипови ќе ни помогнат да ги утврдиме стандардите на дизајнот на ѕидот. Натамошните тестирања ќе треба да покажат колку се пробивни и отпорни. Притоа ќе користиме мали рачни алатки, а не балистички средства“, изјави заменик-директорот на ЦБП, Роналд Витиело.

    Предвидениот ѕид, кој беше едно од предизборните ветувања на Трамп, исто така, ќе биде покриен со камери и сензори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира