Во првата недела од светски познатиот фестивал на пиво Октоберфест во Минхен се зголемил бројот на девојки и жени кои побарале помош во однос на претходната година. Иницијативата „Безбеден Октоберфест за девојки и жени“ забележал 197 случаи во споредба со 181 лани, според организаторите.
Во шест случаи постоело сомневање дека на гостинките им биле дадени апчиња за силување. Организаторите се сомневаат дека бројот на непријавени случаи е многу поголем.
Многу од оние кои побарале помош биле од странство, главно од САД, а две третини биле помлади од 30 години.
Во 12 случаи, посетителките побарале помош поради сексуално или физичко насилство, а 14 случаи биле напади на паника поради толпите или затоа што лицата имале проблеми со менталното здравје.
Октоберфест оваа година трае од 20 септември до 5 октомври. Според портпаролот на градот Минхен, на првиот ден имало 300.000 посетители. Цената на литар пиво е над 15 евра.