ПОЈАВАТА НА ЕВТИН КИНЕСКИ ЧЕТБОТ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗИКА ПАНИКА НА БЕРЗИТЕ

    ПОЈАВАТА НА ЕВТИН КИНЕСКИ ЧЕТБОТ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗИКА ПАНИКА НА БЕРЗИТЕ„ДипСик“ стана најмногу симнуваната бесплатна апликација во САД (Фото: Гети)

    Вредноста на акциите на големите американски технолошки компании нагло падна денеска откако на пазарот се појави евтин четбот со вештачка интелигенција создаден од кинеска фирма.

    Апликацијата на „ДипСик“ беше лансирана минатата недела и надмина ривали како ЧетГПТ, станувајќи најмногу симнуваната бесплатна апликација во САД. Четботот наводно бил развиен за малку пари во однос на ривалите, предизвикувајќи ја идната американска доминација на полето на вештачката интелигенција.

    Стартапот „ДипСик“ бил основан од Лијанг Венфенг во 2023 во кинескиот град Хангжоу. Тој наводно создал голема залиха чипови на „Енвидија“, кои веќе не смеат да се извезуваат во Кина и ги комбинирал со други, поевтини чипови, што му овозможило да го лансира својот четбот. Наводно го развил за само шест милиони долари, наспроти милијарди долари инвестирани од ривалите.

    Аналитичарите велат дека „ДипСик“ користи постоечка технологија и слободен код – софтвер што може да се користи, модифицира или дистрибуира бесплатно од секого.

    Вредноста на акциите на „Енвидија“ денеска падна за 15%, на „Мајкрософт“ за 3,7%, а на производителот на чипови „Броудком“ за 16,43%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира