ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРЕЗЕМАЛА НИШТО 40 МИНУТИ ДОДЕКА НАПАЃАЧОТ ОД ТЕКСАС ГИ УБИВАЛ ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТЕТО

    ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРЕЗЕМАЛА НИШТО 40 МИНУТИ ДОДЕКА НАПАЃАЧОТ ОД ТЕКСАС ГИ УБИВАЛ ДЕЦАТА ВО УЧИЛИШТЕТОВо нападот загинаа 19 деца и две наставнички (Фото: АП)

    Локалната полиција не преземала ништо додека 18-годишниот Салвадор Рамос бил во основното училиште во Увалде и ги убивал децата, велат очевидците. Во масакрот загинаа 19 деца на возраст од седум до десет години и две наставнички, а Рамос бил убиен од припадници на граничната патрола 40-ина минути откако упаднал во училиштето.

    Бидејќи полицајците кои стоеја пред училиштето не влегуваа внатре, станавме фрустрирани и сакавме со други случајни минувачи да упаднеме. Тие ништо не преземаа, беа целосно неподготвени“, изјави Хавиер Касарес, чија ќерка е меѓу убиените деца.

    Властите кажаа дека напаѓачот се забарикадирал во една училница, во која полицајците се мачеле да влезат. Сите убиени деца и наставници се криеле во таа училница.

    Напаѓачот бил на местото на настанот меѓу 40 минути и еден час, пред да биде елиминиран. Десетици полицајци одговорија на пукањето и не се двоумеа. Тие влегоа во училницата и ја решија ситуацијата најбрзо што можеа“, изјави шефот на граничната патрола на САД, Раул Ортис.

    Вчера се дозна и дека Рамос објавил три пораки на социјалните мрежи непосредно пред да го изврши нападот, при што напишал дека ја застрелал баба му и дека следна цел му е основно училиште. Тој исто така ѝ испратил приватна порака на 15-годишна девојка од Германија, која ја запознал преку интернет.

    Рамос го извршил масакрот со оружјето што легално го купил неколку дена пред нападот, а непосредно по 18. роденден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира