ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАШЛА ПРОШТАЛНО ПИСМО НА НАПАЃАЧОТ ОД ГРАЦ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ПОРАСНА НА 11

    ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАШЛА ПРОШТАЛНО ПИСМО НА НАПАЃАЧОТ ОД ГРАЦ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ПОРАСНА НА 11Напаѓачот извршил самоубиство во тоалетот на училиштето (Фото: ЕПА)

    Полицијата пронашла проштално писмо на 21-годишниот Артур А., кој утрово во Грац го изврши најсмртоносниот напад во Австрија по Втората светска војна. Уште една жена почина во болница од здобиените повреди, со што бројот на загинати порасна на 11, вклучувајќи го напаѓачот, кој извршил самоубиство во тоалетот на училиштето.

    Министерот за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека напаѓачот, инаку австриски државјанин, бил поранешен ученик во училиштето, но се отпишал и никогаш не матурирал. Карнер додаде дека тој делувал сам и имал дозвола за поседување оружје. Во нападот биле користени пиштол и сачмарка.

    Засега можеме само да шпекулираме за неговите мотиви. Целата ситуација и натаму е доста нејасна“, рече Карнер.

    Претходно беше објавено дека 12 лица се примени во болница, од кои две биле во критична состојба.

    Австрија прогласи три дена национална жалост поради денешната трагедија.

    Австрија ја има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во светот, со 30 парчиња оружје на 100 жители. Во изминатите години се случија неколку тешки инциденти со пукање во земјата. Во 1997 беа убиени шест луѓе во градот Маутерндорф, а во нападот во Виена во 2020 имаше четири жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира