ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ И ШОК-БОМБИ ГИ РАСТЕРА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО НОВИ САД, ВУЧИЌ ГИ НАПАДНА ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ДОЈДОА НА ПРОТЕСТОТ

    ПОЛИЦИЈАТА СО СОЛЗАВЕЦ И ШОК-БОМБИ ГИ РАСТЕРА ДЕМОНСТРАНТИТЕ ВО НОВИ САД, ВУЧИЌ ГИ НАПАДНА ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ДОЈДОА НА ПРОТЕСТОТВучиќ кажа дека се повредени 11 полицајци (Фото: АП)

    Српската полиција употреби солзавец и шок-бомби во универзитетскиот кампус во Нови Сад синоќа за да ги растера демонстрантите кои бараа слободни избори и заминување на претседателот Александар Вучиќ. Илјадници луѓе се собраа во кампусот, а инцидентите избија пред Филозофскиот факултет, каде што се фрлаа пиротехнички средства, пред да интервенира полицијата.

    Вчерашниот протест беше фокусиран околу универзитетската зграда што полицијата и лојалистите на Вучиќ ја зазедоа пред една недела. Добро опремени полицајци чуваа некои од факултетите, а откако им пристигна засилување со возила за разбивање немири, тргнаа на демонстрантите. Градските улици беа во чад од солзавец, шок-бомби и ракети, додека полицијата ги бркаше демонстрантите од кампусот. Министерството за внатрешни работи подоцна кажа дека имале информација дека демонстрантите имаат намера да ја нападнат полицијата пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт.

    Вучиќ кажа дека се повредени 11 полицајци. Засега нема информации за повредени. 

    Нема да дозволиме уништување на државните институции. Србија е силна и одговорна држава. Полицијата само ја вршеше својата работа и тоа строго професионално“, кажа Вучиќ.

    Тој притоа жестоко ги нападна европратениците од Европската зелена партија кои дојдоа во Нови Сад за да ги поддржат протестите.

    Одете уривајте ги вашите земји, немојте да ја уривате Србија. Вие сте најлошото нешто и дојдовте да го поддржите насилството во Нови Сад. Ќе бидете процесуирани во согласност со законите на Република Србија“, кажа Вучиќ.

    Тој додаде дека од сите протести во Србија вчера, само во Нови Сад имало инциденти.

    Протестите во Србија, предводени од студентите, влегоа во својот 11. месец, откако почнаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира