ПОЛКОВНИКОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ЧАНТАТА СО КОНТРОЛИТЕ НА РУСКИОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ ПРОНАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО СВОЈОТ ДОМ

    ПОЛКОВНИКОТ ЗАДОЛЖЕН ЗА ЧАНТАТА СО КОНТРОЛИТЕ НА РУСКИОТ НУКЛЕАРЕН АРСЕНАЛ ПРОНАЈДЕН ЗАСТРЕЛАН ВО СВОЈОТ ДОМНуклеарната чанта на Борис Елцин е изложена во центарот „Елцин“ во Екатеринбург

    Пензионираниот полковник на руската Федерална безбедносна служба, Вадим Зимин, е пронајден застрелан во својот дом близу Москва и се наоѓа во тешка состојба. Педесет и петгодишниот Зимин своевремено бил задолжен за чантата со контролите на рускиот нуклеарен арсенал, што секогаш го придружува претседателот Владимир Путин.

    Тој ја извршувал оваа задача за бившиот претседател Борис Елцин, а во мандатот на Путин напредувал до чинот полковник во тајната служба, иако неговата точна улога не е позната.

    Путин инсистирал постојано да се носи чантата за да се провоцира западот

    Зимин бил пронајден со прострелна рана во главата во кујната на својот стан во Красногорск во московскиот регион. Покрај него бил пронајден пиштол. Руските медиуми пишуваат дека се наоѓа на интензивна нега.

    Мистериозниот Зимин, од кого постои само една фотографија, бил под истрага за земање мито, поради што бил ставен во домашен притвор.

    Чантата што ја носел Зимин е развиена во почетокот на 1980-ите и нејзината содржина првпат била покажана во јавност во 2019. Путин наводно инсистирал постојано да се носи оваа чанта за да се провоцира западот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира