ПОЛСКА ИСПРАТИ НОВИ ТРУПИ НА ИСТОЧНАТА ГРАНИЦА ОТКАКО ЈА ОБВИНИ БЕЛОРУСИЈА ЗА НАРУШУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР

    ПОЛСКА ИСПРАТИ НОВИ ТРУПИ НА ИСТОЧНАТА ГРАНИЦА ОТКАКО ЈА ОБВИНИ БЕЛОРУСИЈА ЗА НАРУШУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОРБелоруската војска ја обвини Полска дека измислува обвинувања (Фото: ЕПА)

    Полска го зголеми присуството на своите трупи на источната граница откако ја обвини Белорусија за нарушување на нејзиниот воздушен простор со воени хеликоптери. Белоруската војска негираше такво нарушување и ја обвини Полска дека измислува обвинувања за да го оправда зголемувањето на бројот на војниците на границата.

    Испративме дополнителни трупи и воена опрема на границата, вклучувајќи борбени хеликоптери. Го информиравме НАТО за нарушувањето на нашиот воздушен простор. Тоа се случи на многу мала височина, па беше тешко забележливо со радар“, соопшти полското министерство за одбрана.

    Белорусија му дозволи на Владимир Путин да ја користи нејзината територија за напади на Украина, но самата досега не зеде учество во војната. Минатиот месец, Путин ја обвини Полска дека има територијални претензии кон Белорусија, заканувајќи се дека секој таков напад ќе го смета за напад на Русија.

    Белорускиот лидер Александар Лукашенко, пак, ја задеваше Полска поради присуството на платениците на „Вагнер“ близу заедничката граница. Тој прими стотици руски платеници во земјата по нивната неуспешна побуна во јуни.

    Полска би требала да ни биде благодарна што ги држиме под контрола борците на ‘Вагнер‘. Без нас, тие без многу мака би можеле да стигнат до Варшава и Жешов“, кажа Лукашенко.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира