ПОЛСКА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА СТОИ ЗАД СЕРИЈА ПОЖАРИ НА ПАКЕТИ, ШТО БИЛЕ ПОДГОТОВКА ЗА САБОТАЖИ НА ЛЕТОВИ КОН САД И КАНАДА

    ПОЛСКА ЈА ОБВИНИ РУСИЈА ДЕКА СТОИ ЗАД СЕРИЈА ПОЖАРИ НА ПАКЕТИ, ШТО БИЛЕ ПОДГОТОВКА ЗА САБОТАЖИ НА ЛЕТОВИ КОН САД И КАНАДАВо три дена во јули избувнале пожари во контејнери во Лајпциг, кај Варшава и близу Бирмингем (Фото: Гети)

    Полските обвинители кажаа дека Русија стои зад серијата пожари на пакети испратени преку курирски компании во Полска, Германија и Велика Британија, што требало да послужат како проба за саботирање летови до САД и Канада. Во акција спроведена минатиот месец биле уапсени четири лица, додека властите низ Европа ги истражуваат инцидентите.

    Извори од западни безбедносни служби кажаа за американските медиуми дека веруваат оти пожарите што се случиле во јули биле дел од кампања раководена од руската воена разузнавачка агенција ГРУ. Русија негираше дека стои зад овие саботажи, но таа се сомничи дека оваа година извела други напади врз складишта и железничката мрежа во земји од ЕУ, како Шведска и Чешка.

    Полската обвинителка Катаржина Цалов-Јашевска изјави дека група странски саботери била вмешана во испраќање пакети кои содржеле скриен експлозив и опасни материјали. Пакетите испраќани преку курирски служби потоа спонтано се запалувале или експлодирале.

    Се верува дека пожарите биле предизвикани од супстанца заснована врз магнезиум.

    Вакви пожари тешко се гасат, особено во авион. Целта на групата била да тестира канали за трансфер на вакви пакети, што би биле испраќани во САД и Канада“, кажа Цалов-Јашевска.

    Во три дена во јули избувнале пожари во контејнери во Лајпциг, кај Варшава и во Минворт близу Бирмингем. На пожарникарите им требале два часа да го изгаснат пожарот кај Варшава.

    Само голема среќа спречи уредот натоварен во Лајпциг да не пламне среде лет“, кажаа од германската разузнавачка служба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира