ПОЛСКА ЈА ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА ЗАБРАНАТА ЗА АБОРТУС ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ

    ПОЛСКА ЈА ОДЛОЖИ ПРИМЕНАТА НА ЗАБРАНАТА ЗА АБОРТУС ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИОдлуката на уставниот суд предизвика огромен гнев во државата (Фото: Ројтерс)

    Десничарската влада на Полска го одложи спроведувањето на контроверзната судска одлука за речиси целосна забрана на абортус во земјата, откако тоа беше проследено со едни од најголемите демонстрации од падот на комунизмот.

    „Имаме дијалог и би било добро тој да продолжи некое време за да изнајдеме нова позиција во оваа ситуација, која е тешка и предизвика силни емоции“, изјави Михал Дворчик, шефот на кабинетот на полскиот премиер.

    Одлуката на уставниот суд требаше дополнително да ги зацврсти полските закони против абортус, кои веќе се едни од најстроги во Европа. Судот пресуди дека прекинот на бременоста би бил нелегален дури и во случаите кога е утврдено дека фетусот има сериозни и неповратни дефекти, што е најчеста причина за абортус во земјата.

    Новата одлука сѐ уште не е објавена, иако крајниот рок беше вчера, па не можеше да стапи на сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира