ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:32:"Варшава,(Би-Би-Си)

    ПОЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО ОДБИ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУСОТ

    Полскиот парламент со огромно мнозинство гласаше против контроверзниот закон за речиси целосна забрана на абортусот, по масовните протести на кои излегоа милиони Полјаци. Владата рече дека протестите против законот им дале на министрите „прилика да размислат“. Полска веќе има еден од најрестриктивните закони за абортус во Европа, а со предлогот се предвидуваше да се забранат сите абортуси освен ако животот на мајката не е во опасност. Пратениците го одбија законот со 352 гласа против и 58 за. Законот беше предложен од граѓанска иницијатива против абортусот која собра 450.000 потписи. Сепак, таа не беше поддржана од владејачката полска конзервативна Партија на законот и правдата (ПЗП) и пратениците имаа слобода да гласаат како сакаат. Протестите против предлог-законот се одржаа низ цела Полска во понеделникот и тоа ги натера ПЗП да се сврти против законот. Премиерката Беата Жидло се дистанцираше од промените на законот, а вицепремиерот Јарослав Говин вчера ги убедуваше жените дека целосната забрана на абортусот нема да помине. „Абротусот сигурно нема да биде забранета кога жената е жртва на силување или кога нејзините живот или здравје се во опасност“, инсистираше тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира