Поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изнесен од церемонијата за затворање на Конгресот на Комунистичката партија во Пекинг. 79-годишниот Ху со изнемоштен изглед седеше покрај претседателот Шји Џинпинг кога официјални лица му пријдоа и го изнесоа надвор. Не беше дадено објаснување.
Ху Џинтао, кој беше претседател помеѓу 2003 и 2013, беше на сцената кога му пријдоа двајца функционери. Тој му кажа нешто на Шји Џинпинг, кој кимна со главата. Потоа Ху беше изнесен надвор од Големата народна сала.
По својот еднонеделен конгрес, партијата се очекува да го потврди Шји (69) за историски трет мандат како лидер. Конгресот, кој се одржува во Пекинг на секои пет години, ја зацврсти неговата позиција како најмоќен кинески лидер од Мао Це Тунг.